Боки 13 во обвинителство поднесе нови кривични пријави

од Берта Китинска

Шест нови кривични пријави, против повеќе лица, денеска до Обвинителството поднел Бојан Јовановски-Боки 13.

Неговиот адвокат Сашко Дуковски изјави дека пријавите се поднесени за повеќе кривични дела, меѓу кои: злоупотреба на службена положба и овластување, несовесно лекување на болни, тортура, обид за убиство и др.

-Поради фактот дека се работи за предистрага и само поднесување на кривична пријава, не можам да кажам за кои лица станува збор, само ќе кажам дека станува збор за претставници на медицинската струка кои учествувале во некакви процеси, претставници на власта, на судската и на обвинителската фела, изјави Дуковски.

Слични содржини