Боксерите Јанески и Љама пристигнаа во Скопје, веднаш се ставени во карантин

од Берта Китинска

Нашите сениорски репрезентативци во бокс, Јасин Љама и Гоце Јанески доцна синоќа преку Софија се вратија во Македонија откако 19 дена беа во Лондон каде учествуваа на квалификацискиот турнир за ЛОИ во Токио, соопштија од Боксерската федерација (БКФ).

Олимпискиот турнир поради ситуацијата со пандемијата од коронавирусот по само два дена беше прекинат од страна на организаторите.

Љама и Јанески останаа во Лондон поради затворањето на аеродромот во Скопје. Боксерската федерација на Македонија два пати се обиде да ги врати во Скопје, но за жал неуспшно, еднаш преку Истанбул и вторпат преку Солун бидејќи Турција и Грција во последен момент ги затворија границите.

Од БКФ информираа дека вчера со лет преку Софија македонските боксери пристигнаа во Бугарија, а потоа до Скопје.

Љама и Јанески се сместени во задолжителен карантин во Скопје во Хотел „Ибис“ каде ќе престојуваат следните 14 дена.

Слични содржини