Болат очи од хеланките во кои Џеј Ло вози велосипед (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Холографските хеланки во кои Џенифер Лопез неодамна возеше велосипед станаа бестселер.

Возењето велосипед на Џеј Ло и нејзиниот вереник Алекс Родригез беше рај за папараците, па фотографиите од парот се појавија во многу светски медиуми, но и на социјалните мрежи.

Она што најмногу го привлече вниманието на девојките беа хеланките на Џеј Ло, кои, иако сјаат, можат да бидат совршено комбинирани за спорт и тренинг, но тие се исто така одлични за излегување во вечерните часови, па затоа тие се совршени „две во едно“ парче.

Лопез ги вклопува со обична бела кошула со качулка и бели патики. Тие чинат 78 евра и се потпишани од марката „Нијама Сол“. Со висок струк се, екстремно затегнати, а материјалот е антибактериски и не апсорбираат влага.

Веб-страницата каде што се продаваат исто така вели дека во нив „ќе заблескате посветло од сонцето“.

Неодамна, Џеј Ло носеше неколку други одлични модели на шарени хеланки за велосипедизам.

Слични содржини