Болдвин поднесе тужба за убиството на камерманката во 2021 година

од Vladimir Zorba

Американскиот актер Алек Болдвин поднесе тужба против личноста задолжена за оружјето и уште тројца членови на филмската екипа поради пиштолот што го користел Болдвин за време на пробното снимање за вестерн-филмот „Rust“ во кој загина камерманката Халина Хачинс.

Болдвин поднесе тужба против Хана Гутиерез-Рид, која беше задолжена за оружјето, првиот помошник на режисерот Дејв Холс, добавувачот на реквизити Сет Кени и мајсторот за реквизити Сара Захари, објави Ројтерс.

Болдвин во телевизиско интервју изјави дека не го повлекол чкрапалото на револверот за време на пробата за пукање и дека тој пукал откако го активирал.

Слични содржини