Болдвин се прости од Реј Лиота: Не ми се верува дека умре толку млад

од Vladimir Zorba

Актерот Реј Лиота ненадејно почина на 67-годишна возраст, на 26 мај, а веста за неговата смрт го потресе цел Холивуд.

Се огласи и актерот Алек Болдвин кој му посвети објава на Инстаграм.

Имено, Болдвин се присети на анегдоти поврзани со филмот „Goodfellas“.

„Работев со Реј на смешен филм наречен „Последната Клапа“. Во една прилика, на сетот му реков: „Знаеш дека го запознав Скорсезе пред неколку години“, започна Алек, мислејќи на аудицијата за улога во „Goodfellas“, во која Реј Лиота ја играше неговата легендарна улога и продолжи:

„Понекогаш, кога не добивате улога, велите: „Во ред, навистина не се надевав на ова, но и тој актер е добар избор.“ Но понекогаш некој добива улога и едноставно знаете дека е создаден за неа. Пред цел сет му реков: „Реј, никој не би ја играл таа улога подобро од тебе.“ Потоа следуваше пауза, а потоа тој рече: „Знаеш што, Алек? Се согласувам“, рече актерот.

„Не можам да верувам дека умре толку млад. Никој не треба да умре во тој период. Тој беше одличен актер. Мислам дека најважното нешто за еден актер е да има барем една голема, значајна улога. Ако можеш да имаш важна улога во одличен филм“, тоа е благослов. Нека почива во мир“, заклучи Алек Болдвин.

Да потсетиме, актерот Реј Лиота почина во четвртокот во Доминиканската Република, каде го снимаше филмот „Опасна вода“.

Зад себе ги остави ќерката Карен и вереницата Џеси Нитоло.

Слични содржини