Болдвин се спогодил со семејството на снимателката која ја застрела

од Nikola Popovski

Познатиот актер Алек Болдвин постигнал спогодба со семејството на Халин Хачинс, снимателката која случајно ја уби на снимањето на филмот „Rust“, ​​пишува Дејли Меил.

Снимањето на споменатиот филм ќе продолжи во 2023 година, а сопругот на Халин, Метју, ќе биде извршен продуцент.

Тој изјави дека тој и Болдвин се согласиле дека смртта на неговата сопруга била „страшна несреќа“.

„Постигнавме спогодба, предмет на судско одобрување, за нашето барање за неправедна смрт против продуцентите на „Rust“, ​​вклучително и Алек Болдвин и Rust Movie Productions, LLC. Како дел од таа спогодба, нашиот случај ќе биде отфрлен“, објави утрово Хачинс.

Висината на спогодбата, која допрва треба да биде потврдена на суд, не е соопштена.

„Rust“, ​​кој сега ќе го продуцирам, ќе продолжи со снимањето со сите оригинални главни играчи во јануари 2023 година. Немам интерес да се впуштам во обвинувања или да ја префрлам вината (на продуцентите или г. Болдвин). Сите веруваме дека смртта на Халин била страшна несреќа. Благодарен сум што продуцентите и забавната заедница се собраа за да и оддадат почит на Халина и нејзиното последно дело“, додаде тој.

„Rust Movie Productions, LLC“, преку својата адвокатка Мелина Спадоне, соопшти: „Задоволни сме што страните се собраа за да го решат ова прашање, кое, предмет на одобрување на судот, претставува важен чекор напред во славењето на животот на Халина и во чест на неа и нејзината работа“, пренесува споменатиот медиум.

За оваа ситуација се огласи и режисерот на филмот Џоел Соуза.

„Секој мој напор за овој филм ќе биде посветен на чествувањето на наследството на Халин и на тоа да ја направам горда. Привилегија е да се заврши ова во нејзино име“, рече Соуза.

Адвокатот на Алек Болдвин, Лук Никас соопшти: „Во текот на овој тежок процес, сите одржуваа специфична желба да го направат она што е најдобро за синот на Халин. Благодарни сме на сите што придонесоа да се реши оваа трагична и болна ситуација“.

Слични содржини