Болдвин за трагедијата на снимањето: „Сакам сите да знаат дека овие две лица се виновни“

од Stefanija Kuzmanovska

Во своето последно интервју за Си-Ен-Ен, актерот и режисер Алек Болдвин раскажа колку во животот го чинела несреќата на снимањето на филмот „Rust“.

Соочен со тужба од семејството на Халина Хачинс, Болдвин даде интервју во петокот во кое инсистираше дека не е виновен за смртта на снимањето, што се случи во октомври минатата година.

Тогаш тој ја усмрти Халина со пиштол, кој бил реквизит на сетот и го рани режисерот Џоел Соуза.

Тој рече дека за нејзината смрт се одговорни помошник режисерот на филмот и лицето кое се занимава со реквизитите и оружјето кои се користат за снимањето.

„Некој стави вистински куршум во пиштолот, а таа требаше да знае подобро. Тоа беше нејзината работа. Нејзината работа беше да ја погледне муницијата и да стави лажна, не требаше да има вистински куршуми на сетот“, наведе Болдвин.

Болдвин, кој рече дека „не поминува ниту ден без да помисли на Халина Хачинс“, го обвинува и помошникот режисер Дејвид Холс, кој му го предал пиштолот и потврдил дека е наполнет со „ќорци“.

„Постојат две лица кои не го направија она што требаше да го направат. Јас не седам овде велејќи дека треба да одат во затвор или дека сакам нивните животи да бидат пекол. Не го сакам тоа. Но сакам сите да знаете дека тие двајца се одговорни за тоа што се случи“, изјави актерот, осврнувајќи се на својата кариера по оваа трагедија.

„Вчера добив уште еден отказ. Се беше подготвено за филмот, да се качам во авион, разговарам со овие момци со месеци и вчера ми рекоа дека не ме сакаат во филмот поради ова“, тврди Болдвин.

Инаку, додека актерот го чека обвинение и судење, негов најголем поддржувач е неговата сопруга Хиларија.

Слични содржини