Боли поразот од лутиот ривал (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Фенербахче и Галатасарај се едни од најлутите ривали во светот на фудбалот.

Навивачите тешко го поднесуваат поразот на својот омилен тим особено кога доаѓа од најголемиот противник.

Така беше и вчера кога Галатасарај однесе гостинска победа од „Шукру Сарачоглу“ стадионот во Истанбул. Галата славеше со 3:1 со погодоците на Фалкао, Донк и Онјеруку, а ова беше прва гостинска победа во една ваква дерби пресметка по цели 20 години. Навивач на Фенербахче беше снимен како со глава удира во столчињата на стадионот по последниот судиски свиреж.

Слични содржини