Властите во Боливија решија да користат Боинг 747 , адаптиран за носење вода и гаснење пожари, против пожар во Чикитанија – боливискиот дел од Амазон.

Пожарот веќе уништи повеќе од 750.000 хектари во Боливија . Претседателот Ево Моралес напиша на Твитер: „Супертанкерот и нашите хеликоптери работат на гаснење на пожарот. Благодарам на сите сограѓани, мажи и жени , за напорната работа што ја прават. ПОвикувам сите да се вклучиме во борбата против пожарот “.

  Во својот прв „работен“ лет, авионите истуриле 75 тони вода над тешкиот терен на Таперас и, според локалното население и пожарникарите, неговата мисија била успешна. Во сабота, на 24 август, Боинг 747 се очекуваше да изврши уште 3-4 летови над другите области опфатени со пожарите.
Во меѓувреме, Латиноамериканската банка за развој објави дека ќе додели половина милион долари на Бразил, Боливија и Парагвај за нивната борба против пожарот во Амазон, најголемата тропска шума  во светот.
„Сакам да ја изразиме нашата солидарност со народите на Бразил, Боливија и Парагвај во услови на уништување и сериозни штети предизвикани од дивиот свет на  шумите, насадите и тревниците“, рече извршниот директор на Банката на Луис Каранза, цитиран од Европа “.