Болничар позитивен на ковид една недела по вакцинирањето, експертите објаснуваат зошто му се влошила состојбата

од Берта Китинска

Од клиничките испитувања на вакцините е познато дека ќе бидат потребни околу 10 до 14 дена за да започне да се развива заштитата на вакцините.

Еден 45-годишен болничар во Калифорнија беше позитивен на ковид-19 повеќе од една недела откако ја прими вакцината Фајзер против коронавирусот.

Метју, болничар вработен во две локални болници, кој објави на Фејсбук дека примил вакцина Фајзер на 18 декември, за ABC News изјави дека има само болка во раката ден потоа, но дека нема никакви несакани ефекти. Шест дена подоцна , на Божиќ, тој беше болен откако работеше на смена во одделот за лица кои страдаа од ковид, се вели во извештајот. Тој развил треска, а потоа почнал да чувствува мускулни болки и замор.

Тој беше тестиран и се покажа позитиве.

Кристијан Римерс, експерт за заразни болести во семејниот здравствен центар во Сан Диего, изјави за „ABC News“ дека ова сценарио не е неочекувано.

„Од клиничките испитувања на вакцината знаеме дека ќе бидат потребни околу 10 до 14 дена за да започне да се развива заштитата на вакцините“, рече Римерс.

„Таа прва доза ви дава околу 50 проценти, а ви треба втора доза за да достигнете 95 проценти“, додаде Римерс.

Слични содржини