Болница „Плодност“: Тројца позитивни со Ковид-19, да се направи масовно тестирање

од Берта Китинска

Болницата „Плодност“ од Битола, каде што беа детектирани заразени од коронавирус, на својот профил на „Фејсбук“ го цитираше д-р Таше Трпчевски, директор на болницата, кој што потврди дека од болницата има тројца позитивни со Ковид-19, и побара целата клиника да биде тестирана, но од Институтот за јавно здравје не сакале.

„Почитувани, еве повторно мора да се обратам во името на вистинта.Бевме и ќе останеме транспарентни. Да нема дилеми. Не уште двајца, туку тројца од персоналот се позитивни на корона вирус од Болница „Плодност“. Двајца доктори, еден анестезиолог и еден гинеколог и една медицинска сестра. Анестезиологот и медицинската анестезиолошка сестра пред три дена само еден ден имаа температура и блага кашлица Јас побарав да им се земат брисеви. Побарав да се земат брисеви и од неколку вработени кои кивнале. Сакам да се земат брисеви од сите вработени.Институтот за јавно здравје прави проценка и не сака да земе на сите. Анестезиологот и медицинската сестра само еден ден беа фебрилни, сега се здрави и немаат ништо. Барав за гинекологот кој е од Прилеп, а е кај нас вработен, заради тоа што има епидемиолошка анамнеза. Тој е позитивен (вчера попладне ми ја даде информацијата).Тој е асимптоматски носител. Тие се најопасните како сите вие кои што не знаете можеби дали сте таков носител.
Од таму апелирам до министерот да ги остави препораките на СЗО и побогатите држави да се тестираат само симптоматските пациенти и оние со позитивна епидемиолошка анамнеза.

Министре оставете ги препораките на СЗО и побогатите држави да се тестираат само симптомтските пациентки и оние со позитивна епидемиолошка анамнеза. Можеби така ќе се создаде паника (паниката е состојба на исклучителен страв од вистинска или претпоставена опасност по живот), но ќе се добие друг ефект….. изолација, а тоа е многу битно бидејќи ако имаме помасовно тестирање ќе имаме помасовна самоизолација и изолација.Тие се големи држави многумилионски Ние сме само 2 милиони народ (помала популација ќе се испаничи). На тој начин ќе се намали бројот на асимптоматски носители на вирусот кои сега слободно шетаат низ градот и се потенцијални вирусоносители.Тие се најопасните за околината. Многу полесно е кога ќе го откриете заразениот. Има многу повеќе заразени во Македонија отколку што се детектирани. Ни фали тестирање. Не знам зошто немаме масовно тестирање.

Самоизолација, земање витамини и имуносупортивна терапија, изолација на оние кои биле во најблизок контакт и бројот на заболени полека ќе стивнува.

Гледате што се случува, умира медицински персонал, доктори, сестри техничари и друг персонал. Ние здравствените лица сме на прва борбена линија на фронтот и немаме право да заминеме да се повлечеме од фронтот. На иста опасност се изложени во продавниците и супермаркетите, но тие може да си одат дома. Ние сме први што се заразуваат. Вработените во супермаркетите имаат право да си заминат, ние не, бидејќи наша етика е и морал да им помагаме на луѓето.

Вината е и во пациентите, не дека се носители и ќе ни го донесат вирусот, туку се неискрени. Ние имавме направено прашалник епидемиолошки според СЗО критериуми. Интенција ни беше уште пред месец дена да влегува секој пациент во тријажно одделение, за да му направиме епидемиолошка анкета (после 13.04.2020 задолжително ќе поминат низ тој тријажен дел сите оние кои што ќе дојдат во болницата, ќе потпишат формулар за веродостојноста и ќе одговараат кривично ако излажале). Но заклучокот беше дека нашите пациенти не се доволно искрени, кријат, не сакаат да кажат дека имале некој од симптомите на корона вирусот ниту, дека биле со сомнително лице во контакт, а кое дошло од друга високоризична за Ковид 19 држава. Нашите граѓани поготово битолчани се плашат да кажат дек имаат температура, треска, малаксалост, болки во грлото и не бараат да се тестираат за корона вирусот плашејќи се од тоа да не бидат анатемисани, жигосани и непожелни да живеат во оваа средина(Битола), а не се плашат од последиците и компликациите на ова инфективно заболување. “Битолчани седете дома и умирајте не кажувајте никому дека имате симптоми на корона вирус затоа што ако ве дознаат, ќе ве жигосат“ -напиша една сограѓанка на својот фб статус.

Затоа почитуван г дин Министре, мислам дека е потребно помасовно тестирање на пациентите за да ги откриеме асимптоматските носители на вирусот. Така ќе се створи малку поголема паника, но ќе го спречиме ширењето на вирусот. Сеуште не е касно, имаме уште малку време се додека не се “скрши здравствениот систем“, кога возот ќе замине низ брдо, а ќе треба секојдневно да се објавувате повеќе смртни случаеви од новозаболени, пишува во Фејсбук објавата.

Слични содржини