Болсонаро има симптоми на коронавирус

од Aleksandar Petrovski

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро има симптоми на Ковид-19, јави Си-Ен-Ен Бразил. Според нив, резултатите од тестот се очекуваат подоцна денес, пренесува Ројтерс.
Болсонаро честопати им пркоси на упатствата за физичко растојание, препорачани од повеќето здравствени експерти и го отфрли вирусот како „мал грип“, поради што беше критикуван за намалување на сериозноста на епидемијата.

Бразил се најде на второто место во светот по бројот на заразени и мртви од ефектите на коронавирусот, по Соединетите држави, покажуваат податоците на сајтот Worldometers.

Во претходните 24 часа во таа земја се евидентирани уште 20.229 случаи на коронавирус, кои вкупниот број заразени довеле до 1.623.284, соопшти Министерството за здравство на таа земја.

Според изјавата, починале уште 620 лица, а досега се регистрирани 65.487 смртни случаи.

Слични содржини