Болтон: Белград и Приштина можеби далеку од договор

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот советник за национална безбедност на САД, Џон Болтон, рече дека Белград и Приштина можеби се далеку од решавање на нивниот спор.

Во интервју за БИРН, тој исто така изрази уверување дека стравувањата за евентуална размена на територија се „претерани“, но исто така истакна дека „сериозни“ европски играчи ја разгледувале и идејата.

Одговарајќи на прашањето дали дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе даде какви било резултати, Болтон оцени дека постои можност да се премостат разликите, но дека можноста е пропуштена, затоа што се чини дека и двете страни се повлекоа од своите позиции од кои можеа да се решат работите.

Сепак, рече тој, времето им покажа на двете страни дека нема да напредуваат се додека овие проблеми не се решат задоволително и повтори дека ако и двете страни би ги смениле границите како дел од сеопфатно решение, Соединетите држави ќе го поддржат тоа како разумен пристап.

Болтон исто така рече дека специјалниот пратеник на Доналд Трамп за дијалог, Ричард Гренел, не знае за што зборува, алудирајќи на неговата претходна изјава дека размената на територии е идеја на Болтон.

Според него, Соединетите држави се во предизборна кампања во наредните четири месеци, поради што поголемиот дел од светот, а не само дијалогот меѓу Белград и Приштина, се оставени настрана.

Слични содржини