БОМБА на „Марка“: Мбапе пристигнува во Реал, втор најголем трансфер на сите времиња!

од Nikola Popovski

Килијан Мбапе ќе потпише за Реал Мадрид е најновата вест од трансфер сагата за одличниот француски напаѓач. Мадридска „Марка“ цел ден се држеше подалеку од пласираше на своите информации во приказната за Мбапе, а потоа одеднаш објави спектакуларна вест.

Реномираниот спортски весник тврди дека е постигнат начелен договор помеѓу „Кралевите“ и „Светците“ во врска со трансферот на Мбапе. На крајот, ПСЖ се согласил со втората понуда на Реал вредна 170.000.000 евра фиксна и 10.000.000 евра преку бонуси.

Да потсетиме, првата понуда од 160.000.000 евра беше категорично одбиена. Иако, претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи вечерва изјави дека ставовите на него и на клубот околу Мбапе се добро познати и дека тој нема да ги промени, сепак се чини дека се раководел од логиката и се согласи да земе 180.000.000 евра за Французинот, ако се земе во предвид дека наредното лето може да остане без евро обештетување.

Ова значи дека го добивме вториот најголем трансфер на сите времиња, откако Нејмар го смени дресот на Барселона со оној на ПСЖ за 222 милиони евра.

Слични содржини