„Бомба“ на Островот: Сити тргнува по Португалецот, се подготвува историски трансфер

Фудбалерите на Атлетико Мадрид се движат кон нова титула и суверено ја држат првата позиција во шпанскиот шампионат, сепак, тие би можеле да влезат во новата сезона без важен играч.

Имено, актуелниот лидер на Премиер лигата, Манчестер Сити, го стави името на Joоао Феликс на врвот на списокот со желби за летниот преоден рок.

Интересот што го покажа англискиот тим не е ништо ново, бидејќи тој се обиде да го донесе уште пред 21-годишниот офанзивен играч да пристигне во Мадрид.

Неговата тогашна одлука не ги обесхрабри „граѓаните“ кои го следеа цело време и кои ќе се обидат да постигнат договор со челниците на „јорганџиите“ во текот на летниот преоден рок. Воопшто нема да биде лесно.

Не е познато колку Сити е подготвен да ја „отвори торбата“, но имајќи предвид дека Феликс има договор со Атлетик до летото 2026 година, тоа, доколку се реализира, ќе биде еден од најголемите трансфери во историјата на фудбалот.

Да потсетиме, Феликс пристигна во Мадрид во јули 2019 година за 127 милиони евра, што е најголемиот трансфер во историјата на клубот, за кој одигра 31 натпревар оваа сезона и постигна 10 гола со пет асистенции.

Слични содржини