Бомба на „Сан Сиро“ – Милан го носи „мајсторот“ за Лигата на шампионите!

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Ливерпул, Дивок Ориги, очигледно од лето ќе го замени црвениот дрес на клубот од „Енфилд“ со црвено-црниот на Милан, бидејќи, според повеќе релевантни извори, се договорил со гигантот од „Сан Сиро“.

Приказната за можноста белгискиот напаѓач со африканско потекло да се пресели во „Градот на модата“ датира од крајот на март, а последните информации говорат дека Ориги на „Сан Сиро“ ќе заработува по три и пол милиони евра по сезона плус дополнителни 500.000 европски банкноти бонуси.

Ориги одамна не е во прв план кај Јирген Клоп, но важи за еден од омилените фудбалери на „Коп“, откако во сезоната 2018/2019 имаше големи заслуги за освојување на Лигата на шампионите.

Прво постигна важен гол против Барселона во антологискиот реванш на „Енфилд“, а потоа ја потврди победата на „црвените“ во досадното мадридско финале против Тотенхем.

Милан втора година по ред ќе донесе докажан напаѓач од Премиер лигата, откако искусниот Оливие Жиру по истекот на договорот со Челси, пристигна во Милано.

Слични содржини