Бомбашки напади во Тајланд, има повредени

од Stefanija Kuzmanovska

Седум лица се повредени во повеќе координирани напади на 17 локации во јужен Тајланд, соопштија властите.

Бомбашките напади и подметнатите пожари се случиле по полноќ, а цел биле продавници и бензински пумпи во три провинции, соопшти војската и полицијата, пренесува „Ројтерс“.

Денешните напади уследија откако тајландската влада ги продолжи разговорите со главната бунтовничка група Barisan Revolusi Nasional претходно оваа година, по двегодишна пауза поради пандемијата на коронавирус.

Слични содржини