Бомбастичната Карлеуша во сребрено од глава до пети: Ретко која жена би имала храброст да го облече ова (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski

Денес, понеделник, 28 септември, Јелена Карлеуша (42) го продолжи снимањето на „Звездите на Гранд“ во Гранд студиото на Кошутњак.

Како и секогаш, таа се обиде да го украде целото внимание со својот стајлинг, но покрај тоа што го облече овој пат, „привлече“ и со нејзината храбра афро-фризура.

Имаше чизми до половина бедра, мини фустан и ѓердан, сите во иста, сребрена боја.

Поп-ѕвездата беше добро расположена, а еден детаљ на неа денес беше различен од вообичаеното, што сигурно малкумина го забележаа. Имено, Јелена многу често носи очила, па затоа нејзините очи воопшто не ги шминка, но денес беше целосно нашминкана.

Русокосата ѕвезда обично се шминка самата, за разлика од многу пејачи кои се оставени исклучиво на професионалните шминкери.

loading...

Слични содржини