Бон Џови го поддржа Бајден на предизборниот митинг (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот американски рокер Бон Џови го поддржа демократскиот кандидат за американски претседател Џо Бајден. По тој повод, тој одржа краток концерт на предизборен митинг во Далас.

За време на настапот тој носеше заштитна маска, а заедно со свирењето гитара ги отпеа и песните Who Says You Can’t Go Home, Livin’ On A Prayer и Do What You Can. Тој неодамна ја објави последната спомената песна и им ја посвети на здравствените работници кои се борат против пандемијата на коронавирус.

Тој рече дека Бајден му е пријател и го нарече „национално богатство“.

„Останаа десет дена. Време е. Времето е сега“, рече Бон Џови.

Според анкетите, Бајден има предност пред неговиот противкандидат, републиканецот Доналд Трамп, пренесува „Скај њуз“.

Слични содржини