Екс пратеничката Силвана Бонева, од редовите на ВМРО ДПМНЕ, денес се најде на обвинителна клупа во рамки на предметот „Дурмарина“.

Имено, на Бонева и се става на терет тоа што од 2011. до 2015. година, си наплатила 100.000 евра пари на име на патни трошоци, преку лажни сметки од патарини.

Според обвинителството, таа ги донела до заблуда службите во Собранието, со оглед на тоа дека велела дека за секој ангажман во Законодавниот дом морала да патува од Струмица, додека баш напротив, таа престојувала во Скопје.

Сепак, таа посочи дека сето ова се лаги, за кои пак, има докази да го побие обвинувањето против неа.

„Со 6 967 докази и 28 сведоци ќе докажам пред судот и пред јавноста дека обвинението покренато против мене е невистинито и паушално, исто како што беа и големите лаги дека сум била рекордер во земањето патни трошоци, дека сум купила станови со криминални пари“, посочи Бонева на денешното судско рочиште.

Инаку, обвинителството смета дека тие фискални сметки ги поднела од 1. јануари до перидоото на 16. декември 2015. година. Исто така, вели и дека таа има станови во Скопје, по што д логично да престојувала тука, а не патувала на релација Струмица – Скопје и обратно.

„Во мојот случај досега се направени повеќе прекршувања на законите, за кои со претставка се обратив до Народниот правобранител, кој врз основа на приложената документација, покрена постапка со цел заштита на моите права . Исто така ги информирав и Делегацијата на ЕУ, Mисијата на ОБСЕ, повеќе амбасади и Коалицијата Сите за правично судење и побарав од нив да го следат судскиот процес. Досега добив одговор од Делегацијата на ЕУ, Mисијата на ОБСЕ и Коалицијата Сите за правично судење дека ќе го следат случајот од аспект на почитување на законите и правото на фер и правично судење. Борбата за правдата и вистината продолжува„, напиша Бонева на својот фејсбук профил.

Слични содржини