„Борат“ му понуди улога на Трамп доколку изгуби на изборите

од Nikola Popovski

Доколку американскиот претседател Доналд Трамп не победи на изборите на почетокот на следниот месец, актерот и продуцент Саша Барон Коен му нуди деловна можност.

Откако Трамп го нарекол англискиот комичар „лажен комедијант“ и „чудак“, коментирајќи го новото продолжение на авантурите на Казахстанецот Борат, Барон Коен му се обратил директно на Твитер.

„Доналд, ја ценам бесплатната реклама за Борат“, напишал тој.

„Расистички циркузант“

„Признавам, не си ми смешен ниту тине. Но, целиот свет сè уште ти се смее. Јас секогаш барам луѓе кои ќе бидат расистички циркузанти и знам ќе ти треба работа по инаугурацијата на 20 јануари. Ајде да разговараме!“, напишал Коен.

Во новото продолжение на Борат, жртва стана адвокатот на Трамп, Руди Џулијани.

Во филмот тој е фатен во невообичаена положба, со рацете во панталоните додека над него стои актерка која ја игра ќерката на Борат, конзервативен телевизиски новинар.

Тогаш Борат влегол во собата и му рекол на Џулијани: „Таа има 15 години. Премногу стара за тебе“.

Џулијани ги отфрлил обвинувањата дека ги турнал рацете во панталоните, пишувајќи на Твитер дека ја мести кошулата откако ги соблекол микрофоните.

„Тој за мене е чудак“

Новинарите го прашале Трамп во петокот дали е загрижен за нарушувања на протоколот за безбедност, бидејќи филмот ја прикажува ќерката на Борат, Марија Бакалова, која влегува во Белата куќа и разговара со Доналд Трамп јуниор.

„Не знам што се случи … Но, пред многу години, и Барон Коен се обиде да ме измами и јас бев единствениот кој рече дека нема начин. Тој човек е лажен и воопшто не ми е смешен. За мене тој е чудак“, рекол Трамп.

Слични содржини