Борат отвори сметка на Твитер: Ги следи Трамп, Меланија, Брнабиќ и Владата на Србија

од Stefanija Kuzmanovska

По 14 години од објавувањето на филмот за славниот Борат, пристигна и неговото продолжение. Во оваа прилика, измислениот лик, кој го игра Саша Барон Коен, отвори сметка на Твитер, а списокот со сметки што ги следи е многу интересен.

Имено, на списокот со 33 сметки што Борат ги следи се американскиот претседател Доналд Трамп, членови на неговото семејство, потпретседателот Мајк Пенс, амбасадата на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, Кремљ, но и профилите на српската влада и српскиот премиер – Ана Брнабиќ.

Сметката на Борат е отворена на 9 октомври, а повеќето од неговите соопштенија досега се однесуваат на американскиот лидер.

Добро позната музика за регионов може да се слушне и во продолжението на филмот. Така, вториот дел се отвора со „Едерлези“ на Горан Бреговиќ, компониран со мотиви на ромска музика и обработени во различни стилови.

Борат во Америка од родното село во Казахстан е придружуван и од „Калашников“, уште една песна на Бреговиќ, компонирана за потребите на филмот „Подземје“ на Кустурица.

Слични содржини