Борбата продолжува: Една од судијките во спорот меѓу Северина и Поповиќ побарала изземање

од Elena Daskalova

Тричлениот судски совет на подрачниот суд во Сплит бил поделен во врска со пресудата околу старателството врз Александар Поповиќ, синот на пејачката Северина и бизнисменот Милан Поповиќ.

Во текот на овој месец биле одржани две седници околу жалбата која пејачката ја поднесе против пресудата старателството да припадне на нејзиниот поранешен партнер, но одлука не е донесена ниту на 12 ниту на 19 февруари.

Предводничката на советот кој ја разгледува жалбата, судијката Луција Ласиќ, претходно ја поддржала одлуката на колешката Теа Голуб, која пресуди во корист на Поповиќ. Другите две членки на советот сметаат дека треба да се земе предвид жалбата на Северина.

Според хрватските закони, одлуката по ваквите жалби се носи со мнозинство, а откако Ласиќ била надгласана од двете колешки од судската комисија за жалби, побарала нејзино изземање од случајот.

Официјално објаснување зошто го направила тоа нема, но нејзиното барање е одбиено, а закажан е уште еден состанок на советот за натамошно разгледување на жалбата на пејачката по пресудата на загребскиот суд. Во меѓувреме, Северина обелодени дека Ласиќ во 2014 била привремено суспендирана поради злоупотреба на службена должност и незаконско работење, а податоците кои се достапни на хрватската јавност покажуваат дека тоа навистина се случило и дека пејачката не се обидува да ги сврти нештата во своја корист.

Слични содржини