Борбен авион на САД се сруши по судир со друг авион во воздух

од Stefanija Kuzmanovska

Борбен авион F-35B на американското воено воздухопловство се сруши во Калифорнија откако се судри во воздух со авион за полнење гориво, соопштија маринците.

Несреќата се случила над областа Империјал во американската сојузна држава Калифорнија, а пилотот на борбениот авион успеал да се катапултира и сега е на лекување.

Авионот за полнење гориво се вратил на домашниот аеродром и сите членови на екипажот се неповредени.

Како што соопшти единицата на американските маринци, на која припаѓа борбениот авион, истрагата за овој инцидент е во тек.

Слични содржини