Бордејн не бил под влијание на дрога кога се самоубил

од desk2

Познатиот њујоршки готвач Ентони Бордејн не бил под влијание на наркотици кога на почетокот од месецот изврши самоубиство, соопшти полицијата во Франција.

– Нема траги од наркотици. Нема траги од никакви токсични производи. Има траги од лекови во терапевтска доза. И има траги од алкохол, се наведува во токсиколошкиот наод.

Бордејн (61), готвач, писател и телевизиско лице, на 8 јуни беше пронајден мртов во хотелска соба во Франција, а беше кремиран минатата недела. Тој се обеси во бањата на еден француски хотел, по што беше покрената истрага, која требаше да ги утврди околностите на смртта.

Емисиите на Бордејн од 2013 година се емитуваа на Си-Ен-Ен, а во секоја епизода тој патуваше по светот и ги истражуваше локалните култури и кујни.

Слични содржини