Борел: Ќе ги запознаам лидерите на ЕУ со ситуацијата на Косово

од Stefanija Kuzmanovska

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жосеп Борел изјави дека денеска на самитот во Брисел лидерите на ЕУ ќе бидат информирани за тензиите на Косово.

„Знаете дека во последните денови имавме многу тензии на северот на Косово. Го испратив нашиот специјален претставник Мирослав Лајчак во Приштина и Белград. Ќе ги информирам лидерите за ситуацијата и ќе се обидам да ја смирам ситуацијата и да се вратам на дијалогот. Ова е единствениот начин да се обезбеди европската иднина на Косово и Србија“, изјави Борел пред денешната средба.

Тој посочи дека од апсолутна важност е да престанат немирите, да се тргнат барикадите, да се врати смиреноста и дискусијата, како што рече, „за предлогот што го ставивме на маса за да се најде трајно и кохерентно решение за тензии меѓу Приштина и Белград“.

Слични содржини