Борел: Денеска не е добар ден – Бугарија го блокира процесот на проширување

од Nikola Popovski

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изрази незадоволство што во Бугарија нема напредок во однос на отворањето на пристапните преговори меѓу Северна Македонија и Албанија и рече дека тоа покажува оти консензусот не е добро решение за донесување одлуки во ЕУ.

„Овој случај уште еднаш покажува дека проблемот е консензус во одлучувањето. Не можеме да продолжиме затоа што една земја блокира. Денеска не е добар ден, затоа што требаше да го започнеме пристапниот процес за две земји, но не можеме, бидејќи една земјата го блокира целиот процес. Треба да ги разгледаме нашите методи на работа“, подвлече тој.

Борељ истакна дека, сепак, има една добра вест, а тоа е напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина за енергетиката.

„Тоа е многу важен чекор напред и ќе продолжиме да работиме понатаму. Можно е до крајот на месецот да имаме средба на највисоко ниво“, рече тој.

Тој истакна дека ЕУ мора да направи се за да го направи Западен Балкан дел од нејзиниот свет.

Слични содржини