Борел: Девет членки на ЕУ бараат враќање на Западен Балкан на агендата

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, бил повикан од девет членки на Унијата да одржат стратешка дискусија за Западен Балкан и нивните изгледи на состанокот на министрите за надворешни работи во април, се вели во писмото, до кое дојде до увид порталот „ЕУРАКТИВ“.

„Веруваме дека е крајно време за стратешки поглед на Западен Балкан“, напишале министрите за надворешни работи на Австрија, Хрватска, Чешка, Германија, Грција, Ирска, Романија, Словачка и Словенија.

Во писмото до Борел на 5 март, министрите тврдат дека „многу се сменило“ од последната дебата за проширување во август 2019 година, особено дека „имало динамичен внатрешен политички развој во земјите од регионот“.

Како што се наведува, процесот на проширување на ЕУ се очекувало да добие нов интензитет во пролетта 2020 година, кога С. Македонија и Албанија добиле зелено светло од министрите на ЕУ да започнат разговори за пристап подоцна истата година.

Сепак, процесот наиде на друг „камен на сопнување“ кога Бугарија ја блокираше нашата земја минатата есен поради несогласувањата околу историјата и јазикот.

Ветото на Бугарија ѝ наштети и на Албанија, бидејќи членките на ЕУ гледаат дека Скопје и Тирана треба да се приклучат „во пакет“.

Недостатокот на конкретен напредок „оди рака под рака“ со западноевропските земји, особено со Франција, чие јавно мислење стана скептично во врска со проширувањето на ЕУ, особено во светло на претстојното претседателство на Франција со ЕУ во првата половина на 2022 година.

Иако ЕУ е најголем донатор и трговски партнер на Западен Балкан, напорите за приближување на регионот до ЕУ се стопирани од реформите што ги бара Унијата и од неподготвеноста на регионот да ги спроведе.

„Пандемијата ги истакна постојните трендови, вклучително и геополитички импликации. Другите актери се подготвени да влезат во регионалните работи, честопати на наша штета “, напишале министрите, во врска со задоцнетите и силно критикувани активности на ЕУ во регионот во различни фази на здравствената криза поради Ковид-19.

Слични содржини