Борел доаѓа во Македонија на 16. март

од Vladimir Zorba

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, на 15 и 16 март ќе престојува во официјална посета на Албанија, а на 16 и 17 март во Северна Македонија, соопшти денеска Европската унија.

Се наведува дека посетите ќе бидат можност да се разговара за билатералните односи меѓу ЕУ и Албанија, како и меѓу ЕУ и Северна Македонија во согласност со нивните договори за стабилизација и асоцијација, како и да се разговара за последните случувања во двете земји и во Западен Балкан.

Борел во Албанија ќе се сретне со премиерот на таа земја Еди Рама, по што ќе претседава со 12. Совет за стабилизација и асоцијација на ЕУ.

Слични содржини