Борел: ЕУ да размисли за запленување на руските девизни резерви

од Vladimir Zorba

„Европската унија треба да размисли за запленување на замрзнатите руски девизни резерви за да помогне да се плати за повоената обнова на Украина“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Тој во интервју за „Фајненшл тајмс“ рече дека би било логично ЕУ да го направи истото што го направија САД со средствата на авганистанската централна банка откако Талибанците дојдоа на власт, пренесе Ројтерс.

„Имаме пари во џебовите и некој треба да ми објасни зошто тоа е добро за авганистанските пари, а не е добро за руските“, рече високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Слични содржини