Борел: ЕУ мора да покаже единство во одлуката за визите за Русите

од Vladimir Zorba

Европската унија не смее да покаже несогласување во однос на барањето на некои членки од Источна Европа за забрана на визите за руските туристи, предупреди денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, пренесе Ројтерс.

Шефот на дипломатијата на ЕУ ги повика земјите-членки да се договорат за ова прашање, наведува британската агенција.

„Ќе мораме да постигнеме договор и да донесеме политичка одлука“, изјави Борел пред новинарите по пристигнувањето на вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Прага.

Тој, исто така, рече дека ќе се стреми да постигне единство и дека унијата „не може да дозволи да биде поделена во толку важно прашање, како што се меѓучовечките односи меѓу руското општество и европските нации“, наведува Ројтерс.

Како што претходно објави бриселски „Еуроактив“, министрите за надворешни работи на ЕУ денеска треба да разговараат за апелот на Украина да им се ускрати шенген визата за руските туристи, што ги подели земјите на ЕУ, па затоа некои однапред се согласија на идејата, додека други жестоко се спротивставија дека тоа ќе ја затвори вратата за Русите кои бегаат од нивната земја.

Слични содржини