Борел ги осуди воените активности на Русија во близина на нуклеарната централа во Запорожје

од Stefanija Kuzmanovska

Европската Унија ја осудува Русија за „неодговорното кршење“ на принципите за нуклеарна безбедност со воени активности околу украинската електрана во Запорожје, изјави денеска шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.

„ЕУ ги осудува руските воени активности во близина на нуклеарната централа во Запорожје. Ова е сериозно и неодговорно кршење на принципите на нуклеарната безбедност и уште еден пример на руско непочитување на меѓународните норми“, напиша Борел на Твитер.

Тој побара Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да добие итен пристап до централата.

Слични содржини