Борел и Блинкен го осудија рускиот напад во украинскиот град Чаплин

од Stefanija Kuzmanovska

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел и американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го осудија рускиот ракетен напад на железничката станица, во кој беше погоден патнички воз во украинскиот град Чаплин.

„ЕУ остро осудува уште еден грозоморен напад на Русија врз цивилите во градот Чаплин на Денот на независноста на Украина“, напиша Борел на Твитер.

Како што напиша Борел, Русија ќе одговара за „ракетниот терористички напад“.

Блинкен, исто така, се огласи на Твитер и наведе дека нападот на железничката станица полна со цивили „се вклопува во моделот на злосторствата“ на Русија.

Слични содржини