Борел и Блинкен повикаа на намалување на тензиите во Косово

од Milan1

Во заедничка изјава, шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеф Борел и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, повикаа на  намалување на тензиите на Косово и Метохија, пренесува Танјуг. Исто така, како што е наведено во соопштението, тие ја поздравуваат „борбата на Косово против корупцијата и криминалот“, но исто така го осудуваат „насилството врз цивили, новинари и полицијата“.

– По последните недели напнатост во северно Косово, ги охрабруваме двете страни да се вклучат во континуирана и оддржлива деескалација и да избегнуваат дејствија што ја загрозуваат стабилноста. Го поздравуваме и поддржуваме ангажманот на Косово во борбата против корупцијата и организираниот криминал и повторуваме дека насилството врз цивили, новинари, полиција или други власти е неприфатливо, се вели во писмената изјава на двајцата официјални лица.

По минатонеделната средба во Вашингтон, Бореj и Блинкен денеска во заедничка писмена изјава повикаа на продолжување на дијалогот со посредство на ЕУ меѓу Белград и Приштина.

– Ја нагласуваме важноста на дијалогот со посредство на ЕУ, што е клучен механизам за сеопфатната нормализација на односите меѓу Србија и Косово, се вели во соопштението.

Министерот за надворешни работи на ЕУ и американскиот државен секретар додадоа дека за време на состанокот во Вашингтон, тие се договориле за дополнително зајакнување на заедничкиот ангажман на ЕУ и САД на Западен Балкан, со цел „да се поддржи напредокот на регионот на европскиот пат“.

– Ја нагласуваме нашата целосна поддршка за процесот на проширување на ЕУ. Овој регион припаѓа на ЕУ , велат Бореj и Блинкен.

Тие заклучуваат дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ ќе ја подобри стабилноста и ќе придонесе за просперитетот на луѓето во регионот.

Бореj и Блинкен, исто така, повикуваат на отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија „без одлагање“.

Исто така, се дава „силна поддршка“ на ЕУ и САД за територијалниот интегритет на БиХ и се нагласува „сериозната загриженост поради зголемената реторика на поделби во БиХ“.

– Ги повикуваме сите страни да ги почитуваат и заштитуваат државните институции, да продолжат со конструктивен дијалог и да преземат чекори за напредок на патот кон интеграцијата во ЕУ, вклучувајќи ги релевантните реформи, наведуваат Бореj и Блинкен.

Високите претставници на ЕУ и САД, исто така, ги повикуваат сите политички сили во Црна Гора да работат заедно за да ја зачуваат стратешката ориентација на земјата и да се спроведат неопходните реформи.

Слични содржини