Борел и Блинкен во заедничка изјава го поздравија францускиот предлог

од Vladimir Zorba

Потпретседателот на Европската комисија (ЕК) и висок претставник на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеф Борел и  државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, во заедничка изјава го поддржаа францускиот предлог со кој треба да се крене ветото за старт на преговори на ЕУ со С.Македонија.

„Го поздравуваме компромисниот предлог којшто ги зема предвид интересите и загриженоста и на Северна Македонија и Бугарија, засновајќи се на взаемна почит, доверба и разбирање. Суверената одлука на парламентот на Северна Македонија ќе биде важна за придвижувањето напред. Духот на конструктивен компромис, на кој се заснова европската интеграција, треба да продолжи да ги инспирира сите вклучени во историскиот процес“, велат Борел и Блинкен.

Посочуваат дека „во овој критичен момент во европската историја, одбележан од неоправданата агресија извршена од Русија врз Украина, придвижувањето на Албанија и Северна Македонија кон ЕУ е клучот за зајакнување на кохезијата и отпорноста на целиот Европски континент.

„Водени од заедничките вредности и стандарди и одредници на ЕУ, двете земји се подготвени да го преземат следниот чекор кон членство во ЕУ“, констатираат двајцата.

Слични содржини