Борел им честиташе на Вучиќ и Курти: „Ова е голем и важен чекор напред“

од Stefanija Kuzmanovska

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска разговараше со српскиот претседател Александар Вучиќ и со косовскиот премиер Албин Курти за да им честита за постигнувањето договор за енергетската мапа.

– Ова е голем и важен чекор напред во дијалогот што го води ЕУ и ќе даде конкретни резултати за сите граѓани. Со нетрпение очекуваме да продолжиме да работиме на следните чекори – напиша Борел на Твитер.

Слични содржини