Борел: Лидерите на Западен Балкан ја потврдија својата посветеност на патот кон ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел, на работната вечера што ја организираше во Брисел за лидерите од Западен Балкан, повтори дека е важно усогласувањето на заедничката надворешна и безбедносна политика „како централен елемент на европскиот пат“, соопшти денеска Европската служба за надворешни работи.

Лидерите од Западен Балкан ја потврдија својата стратешка определба за европска интеграција и поддршка за регионалната соработка.

Борел ја поздрави целосната поддршка на партнерите од Западен Балкан во Генералното собрание на ОН за резолуциите во врска со руската агресија врз Украина.

Слични содржини