Борел: Напредокот на регионот е важен во воспоставувањето заеднички пазар

од Stefanija Kuzmanovska

Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, изјави дека од суштинско значење е процес во кој е вклучен целиот регион на Западен Балкан и дека во овој контекст е важно регионот да напредува во воспоставувањето заеднички регионален пазар.

Ова, вели Борел, е политичка определба што шесте лидери од регионот ја презедоа на самитот во Софија.

„Преку Економскиот и инвестицискиот план носиме значајни можности за инвестирање во регионот“, посочува шефот на европската дипломатија.

Слични содржини