Борел: Не ја поддржувам идејата за целосна забрана за издавање визи на Русите

од Stefanija Kuzmanovska

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, денеска изјави дека не ја поддржува идејата за целосна забрана на Русите да им се издаваат визи за влез во земјите на ЕУ.

„Ова е многу контроверзен предлог… Некои земји веќе презедоа одредени мерки во овој поглед, други нема да го поддржат. Мислам дека забраната за влез на сите Руси не е добра идеја. Мораме да бидеме поселективни“, рече Борел на меѓународна конференција во шпанскиот град Сантандер, пренесува РИА Новости.

Борел смета дека на најголемите руски бизнисмени не треба да им се дозволи влез во ЕУ, но вели дека „има многу Руси кои сакаат да ја напуштат земјата“.

Слични содржини