Борел: Не сме сигурни дека денеска ќе постигнеме договор за нафтено ембарго кон Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Министрите за надворешни работи на Европската унија не можат да бидат сигурни дека денеска ќе биде постигнат договор за нафтено ембарго кон Русија“, изјави министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел.

Тој објасни дека има „цврсти позиции на некои земји-членки“, пренесува „Ројтерс“.

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска ќе се сретнат во Брисел на редовниот Совет на ЕУ во мај, каде се очекува дискусија за воведување ембарго за увоз на руска нафта поради нападот врз Украина.

Слични содржини