Борел: Нелегалните референдуми го нарушија украинскиот суверенитет

од Stefanija Kuzmanovska

ЕУ го осудува одржувањето на нелегалните референдуми во Украина и нивните фалсификувани резултати, бидејќи тие претставуваат повреда на украинскиот суверенитет, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Тој додаде дека ЕУ ќе продолжи да го поддржува Киев, кој „храбро се противи на руската агресија“.

„ЕУ го осудува одржувањето на нелегални референдуми и нивниот фалсификуван исход. Ова е уште едно нарушување на украинскиот суверенитет и територијален интегритет, заедно со систематската злоупотреба на човековите права. Ја поздравуваме храброста на Украинците, кои продолжуваат да се спротивставуваат на руската инвазија“, истакна Борел.

Слични содржини