Борел: Немаме намера да ги одвојуваме Северна Македонија и Албанија

од Andreja Salpe

Попладнево министрите за надворешни работи на ЕУ се согласиле дека не постои намера за одвојување на Албанија и Северна Македонија во ЕУ процесот.

Шефот на ЕУ дипломатијата, Јосеп Борел изјави дека Западниот Балкан за првпат после две години денеска се најде на агендата на министрите за надворешни работи.

Откако се појавија бројни шпекулации дека Скопје и Тирана би можеле да бидат одвоени доколку не се отстрани ветото на Бугарија во воведниот говор тој се осврна на Северна Македонија.

-Имаше согласност во Советот денес дека е потребно забрзување на процесот на реформи поврзани за ЕУ во регионот, сакаме исто така да се забрза процесот на приклучување кон и немаме намера да ги одвојуваме Северна Македонија и Албанија, изјави шефот на европската дипломатија по состанокот со 27-те министри за надворешни работи на ЕУ.

Борел нагласи исто така дека Европската Унија е загрижена поради изјавите за одвојување на Скопје и Тирана и дека ставот во Советот не е променет по ова прашање.

Слични содржини