Борел: Непочнувањето преговори со С. Македонија и Албанија е подарок за Путин

од Vladimir Zorba

Непочнувањето преговори со Северна Македонија и Албанија е подарок за Путин, изјави високиот претставник за безбедност и надворешни работи Жозеп Борел по завршувањето на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ, на кој беа вклучени и првите дипломати од Западен Балкан.

Според Борел, преговорите со Скопје и Тирана мора да почнат веднаш, пред крајот на француското претседателство, кое истекува на крајот на јуни.

Борел смета дека сегашната ситуација е штетна не само за двете земји, туку и за ЕУ ​​во целина.

„Европскиот совет ќе продолжи да врши силен притисок за надминување на отворените прашања меѓу Софија и Скопје и укинување на ветото на Бугарија. Ако тоа не се случи пред крајот на француското претседателство, ќе дојде до криза во односите ЕУ-Запад Балкан“, рече Борел.

Ставот на Бугарија останува непроменет, изјави во Брисел министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.

Според неа, за Скопје не е доволно само да го промени својот Устав.

Слични содржини