Борел: Очекувам средбата во Охрид да резултира со нормализација на односите

од Stefanija Kuzmanovska

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска изјави дека очекува саботната средба во Охрид, која ќе биде фокусирана на Анексот за имплементација на европскиот предлог за договор, да резултира со далекусежно постигнување нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Тој рече дека во сабота во Охрид, Северна Македонија, свикува средба на високо ниво на дијалогот Белград-Приштина и дека таа се разликува од претходните состаноци не само на местото на одржување, туку и поради тоа што дискусијата ќе биде фокусирана на Анексот за спроведувањето на договорот за нормализација на односите што според него ќе резултира со далекусежна нормализација на односите.

„Во суштина, и едното и другото ќе резултираат со нормализирање на животите на луѓето во регионот и ќе го отворат патот за Косово и Србија кон ЕУ“, напиша Борел во својот блог.

Слични содржини