Борел: Очекувам Вучиќ и Курти да дојдат до заеднички став

од Stefanija Kuzmanovska

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел изјави дека очекува претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, да бидат отворени и флексибилни и да постигнат заеднички став на денешниот средба во Брисел како дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина.

„Утрово свикав средба на високо ниво во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Неодамнешните тензии на северот на Косово уште еднаш покажаа дека е време да се оди напред кон целосна нормализација. Очекувам двајцата лидери да бидат отворени и флексибилни да постигнеме заеднички став“, напиша Борел на Твитер.

Дијалогот меѓу Белград и Приштина продолжува денеска во Брисел, на највисоко ниво.

Слични содржини