Борел: Одлуката на Ердоган за Аја Софија е за жалење

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел изрази жалење поради одлуката на Турција да ја претвори Аја Софија во џамија.

Во писмената изјава, Борел истакнува дека Аја Софија има силна симболичка, историска и универзална вредност.

Тој додава дека со тек на време, Турција разви традиција на зачувување на културата, како и препознатлива интелектуална и културна отвореност.

„Одлуката на турскиот државен совет да се поништи една од современите одлуки на Турција и одлуката на претседателот Ердоган да го стави споменикот под раководство на Претседателството за верски работи е за жалење“, рече Борел.

Тој потсетува дека Турција, како една од основачите на Сојузот на цивилизациите, е посветена на промовирање на меѓурелигиски и меѓукултурен дијалог и поттикнување на толеранција и соживот.

Највисокиот управен суд во Турција донесе пресуда дека и дозволува на владата да ја претвори истанбулската Аја Софија, поранешна византиска православна базилика, што сега е музеј, во џамија во која ќе се одржуваат муслимански богослужби.

Слични содржини