Борел: Однесувањето на Талибанците не е многу охрабрувачко

од Nikola Popovski

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави денеска во Ријад дека досегашното однесување на талибанската влада „не е многу охрабрувачко“ и дека евентуалниот економски колапс во Авганистан ќе го зголеми ризикот од тероризам и други закани.

ЕУ ја зголеми хуманитарната помош за Авганистан откако Талибанците дојдоа на власт, но ја прекина помошта за развој, како и другите земји, како и Светската банка, пренесува Ројтерс.

-Тоа секако е дилема. Затоа што ако сакате да придонесете за избегнување на колапсот на економијата, можете да размислите за поддршка на владата … во зависност од нивното однесување. И нивното однесување досега не беше многу охрабрувачко, рече Борел за време на посетата на Саудиска Арабија.

Тој предупреди дека во случај на колапс на економијата, хуманитарната ситуација ќе биде уште полоша, дека ќе се зголемат тензиите поради кои луѓето сакаат да ја напуштат земјата и дека ќе се зголемат ризиците од Авганистан за меѓународната заедница.

Слични содржини