Борел: Односите со Америка се подобруваат, а со Русија – се влошуваат

од Stefanija Kuzmanovska

Односите на Европската унија со Соединетите држави се подобруваат, а во исто време се влошуваат со Русија, изјави шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел.

Според него, одлуката за учество на специјалниот пратеник на американскиот претседател за клима, Џон Кери, на состанокот преку видео врска не зборува само за важноста на прашањето за борбата против климатските промени, туку и за сериозните промени во односите меѓу Брисел и Вашингтон.

„Нашите односи со САД се менуваат, сега имаме силно партнерство. Тоа е особено јасно по самитот на Г7 “, рече тој по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на 27-те земји од заедницата во Брисел.

Борел додаде дека на средбата ќе се разговара и за Русија, со која, напротив, „односите не се подобруваат“.

Слични содржини