Борел организираше вечера за лидерите на Западен Балкан во Њујорк

од Vladimir Zorba

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, приреди неформална вечера со лидерите на Западен Балкан на маргините на Генералното собрание на ОН на која разговараше за ситуацијата во регионот и односите ЕУ-Западен Балкан, како и подготовките за самитот ЕУ-Западен Балкан.во почетокот на октомври.

„Ова даде можност да се разговара за очекувањата во врска со пристапувањето во ЕУ. Високиот претставник ја истакна потребата од силна посветеност од двата партнери од Западен Балкан и Европската унија и нејзините земји -членки во надминување на сегашната динамика и придвижување на процесот напред”, изјави денеска Канцеларијата за надворешни работи (ЕЕАС).

На синоќешната средба присуствуваа претседателите на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, на Северна Македонија Стево Пендаровски, Косово Вјоса Османи, претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ, премиерот на Албанија Еди Рама и министерот за надворешни работи на Србија – Никола Селаковиќ.

Тоа беше втора средба со лидерите на Западен Балкан, организирана од високиот претставник, по неформалната вечера во Брисел во мај, се додава во соопштението.

Слични содржини