Борел откри за што ќе разговараат Вучиќ и Курти во Брисел

од Stefanija Kuzmanovska

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Џозеф Борел, свика состанок на високо ниво во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина во вторник, 2 мај, во Брисел и претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти го потврдија своето присуство.

Тема на разговорот, како што се наведува во соопштението на службата за медиумска соработка на ЕУ, ќе бидат нацрт-статутот на Заедницата на српските општини и Декларацијата за исчезнати лица.

Фокусот, како што се наведува, ќе биде ставен на имплементацијата на Договорот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, а се очекува страните да ја поддржат Декларацијата за исчезнати лица како прва точка на дневниот ред, по што ќе биде претставен првиот нацрт на статутот на Заедницата на српските општини на северот на Косово.

Слични содржини